Трамп: Да бев претседател, ќе имаше мир во целиот свет, сега сме на работ на Трета светска војна

Да бев претседател, ќе имаше мир во целиот свет, наместо тоа, ние сме на работ на Трета светска војна, изјави вчера поранешниот американски претседател Доналд Трамп. Тој тврди дека дека „слабоста и предавањето“ на претседателот Џо Бајден се виновни за смртоносниот напад со беспилотно летало во Јордан во кој загинаа тројца американски воени лица.

Во објавата на „Truth Social“, Трамп се осврна на, како што рече, „дрскиот“ напад со беспилотно летало во Јордан во саботата.

– Нападот со беспилотно летало врз американска база во Јордан, во кој загинаа тројца американски воени лица и многу други беа повредени, означува ужасен ден за Америка. Моето најдлабоко сочувство до семејствата на храбрите војници што ги загубивме. Ги замолувам сите Американци да ми се придружат во молитвата. Овој дрзок напад врз Соединетите Американски Држави е уште една ужасна и трагична последица на слабоста и предавањето на Џо Бајден, напиша Трамп.

Во посебна изјава објавена од кампањата на Трамп во неделата, поранешниот претседател го пофали неговото однесување со Иран додека беше во Белата куќа.

– Пред три години Иран беше слаб, банкротиран и целосно под контрола. Благодарение на мојата политика на максимален притисок, иранскиот режим едвај собра два долари за да ги финансира своите терористички сојузници. Овој напад никогаш немаше да се случи ако јас бев претседател, исто како што никогаш немаше да се случи нападот на Хамас поддржан од Иран, никогаш немаше да се случи војната во Украина и сега ќе имавме светски мир. Наместо тоа, ние сме на работ на Трета светска војна, напиша Трамп.

Претходна вестПендаровски ќе дели Ордени за заслуги за РС Македонија
Следна вестЦреша се од корен корнеше, Ковачевски се од премиерска фотелја делеше