Цреша се од корен корнеше, Ковачевски се од премиерска фотелја делеше

Денеска новоизбраниот премиер на Македонија Талат Џафери ќе му помогне на довчерашниот вршител на таа должност да се раздели со премиерската фотелја. Имено, за денеска е предвидено Димитар Ковачевски и Џафери да извршат примопредавање на должноста.

Ковачевски заминува од големиот владин кабинет, а според она што до сега провеја во јавноста, службите веќе правеле терен за техничкиот премиер.

За потсетување: Вчера со 65 гласа „за“ и три „против“, Собранието ја изгласа техничката влада, по двочасовна дискусија. На засебна седница се констатираа и заменик-министрите, како и дополнителните заменик-министри. ВМРО-ДПМНЕ не гласаше за изборот на влада, иако партиципира во неа со дваjцa министри. За опозиционерите Џафери е недостоен да биде технички премиер.

Инаку, засега е непознато какво сценарио е предвидено околу разделбата на Ковачевски и фотелјата. Ќе има ли гушкање, што ќе си кажат?

Но, познато е дека лидерот на СДСМ веќе од поодамна и вети дека ќе и се врати:

–На парламентарните избори пак, победник ќе биде проевропската коалиција која ја предводи СДСМ, а јас ќе сум повторно премиер, нагласи тој.

Овој пат ветувањето му зависи и од народот. Тој ќе цени што до сега Ковачевски исполнил од многуте ветувања што ги даде и потоа на избори ќе каже дали ќе му дозволат ветувањето кон фотелјата да го исполни.

Претходна вестТрамп: Да бев претседател, ќе имаше мир во целиот свет, сега сме на работ на Трета светска војна
Следна вестВМРО-ДПМНЕ: СДС им ја подари државата на ДУИ