Во изминатиот час се случи непријатен настан во Владата каде што имало една невобичаена ситуација каде што новинарите биле поканети на прес во медиа центарот каде што се реализираат пресконференциите, а сепак пресот на министрите Меџити и Алиу се оддржал во дворот на Владата.
Mинистерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу и министерот за здравство, Фатмир Меџити на прес-конференција пред Владата кажаа дека ниту ќе поднесат оставка, ниту мислат дека партијата ќе бара нивно разрешување.
Според министрите, Алијанса за Албанците е единствена, нема крило, има легитимни органи и легитимен претседател, Арбен Таравари.
„Ќе се бориме до крај за да докажеме дека ова што се случува со активистите во нашата партија, прво не е во ред и не е демократски и најверојатно им пречат резултатите, што ги имаат министрите на АА. Најверојатно очекуваат да не фатат на кондиција да дадеме оставка, но од вечерва им велам, дека оставка од нас нема да има. Ако имаат други можности и методологии нека пробаат“, кажа министерот за информатичко општество Алиу