Темен режим Режим на светлина

Пелистер премногу лесно поразен од ПСЖ

РК Еурофарм Пелистер пред почетокот на средбата на француските репрезентативци кои неодамна станаа европски прваци во ракомет им додели пригодни подароци од градот Битола.

Европскиот ракометен спектакл во Битола меѓу Еурофарм Пелистер и Парис Сен Жермен заврши со очекувана победа на францускиот шампион и со спортски аплауз за сите ракометари.

Ракометните ѕвезди на Парис Сен Жермен предводени од Никола Карабатиќ победија со 31:25 односно со 6 голови предност каква што имаа на полувремето кое заврши со 15:9 за гостите.

Победата на Парис Сен Жермен не беше доведена во прашање во ниту еден момент од натпреварот во кој најефикасен кај гостите беше Сипжак со 7 постигнати голови, додека кај домаќините по три погодоци постигнаа Пешевски, Ѓорговски, Манасков, Радивојевиќ и Борзаш.

РК Еурофарм Пелистер пред почетокот на средбата на француските репрезентативци кои неодамна станаа европски прваци во ракомет им додели пригодни подароци од градот Битола.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Србија и Македонија заедно ќе настапат пред ЕУ за брзата пруга до Скопје, а потоа и до Солун

Следна објава

Таравари денеска ќе ја објави кандидатурата за претседател на државата