Во Галерија 2 во МКЦ е отворена изложбата „Фламански тенденции“ на Васко Ристовски, сликар на наивата, кој дипломира на Земјоделскиот факултет во Скопје, во 1991 година. Ристовски со сликарство се занимава од 1995 година, а работи масло на стакло. Од 2021 година работи и масло на платно.
– По 35 години работа масло на стакло во стилот на наивното сликарство, Васко Ристовски конечно успева да излезе од тие рамки. Во новите дела се чувствува особен афинитет кон класичното (рано) ренесансно, барокно и фламанско сликарство. Оваа изложба претставува обид да се претстават дела настанати во изминатите три години, овој пат во техниката масло на платно. Делата се направени во манир на фламанските мајстори, со извесна доза на модерно сликарство. Тоа е логичен след ако се знае дека наивното сликарство како основа го има токму фламанскиот барок. Платното, како технички предизвик, од своја страна, значи и стремеж кон константно развивање на својата индивидуална креација – се наведува во најавата. Изложбата ќе може да се посети до 23 март.