Изборна кампања во Македонија влегува во период на кулминација. Партиите се растршани низ земјава за двојните избори (претседателски и парламентарни). Сите бараат глас повеќе, а и сите повикуваат на поголема масовност на гласањето на 8 мај.
Веќе почна и лобирањето и договарањето кој со кого ќе коалицира по изборите.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ по тој повод се обрати јавно до ДУИ:
-Една порака до ДУИ. Овие денови сум преплавен со пораки и абери кои ми ги праќаат од Речица. Па како човек секогаш сум бил директен, престанете да ми ги праќате оние емисари и курири по разно разни канали кои велат да сум размислел да направиме коалиција после изборите. Не знам дали знаете или не, но јас не сум ви Ковачевски, ниту неговиот претходник. Со мене такви договори на штета на народот и под маса немало и нема да има, рече Мицкоски.
Тој повика на масовно гласање на 8 мај и изјави дека неговата партија партнерот за формирање влада ќе го бара во албанската опозиција, во партиите со кои ќе споделуваат исти вредности и принципи, а за ДУИ, потенцираше дека е време за опозиција и за одговорност.