Темен режим Режим на светлина

За аплицирање за ваучери за ИТ уреди на студентите им остануваат уште 10 дена

Министерството за дигитална трансформација ја известува јавноста дека остануваат уште 10 дена за аплицирање за студентски ваучери.

Досега се доделени вкупно 42.606 ваучери, од кои се искористени 27.426.

Согласно актуелниот проект на Владата, кој се реализира во соработка помеѓу Министерството за дигитална трансформација, Генералниот секретаријат на Владата и Министерството за образование и наука, предвидени се вкупно 55.000 ваучери за електронски уреди за студентите на додипломски студии, запишани во учебната 2025/26 година.

Рокот за аплицирање од страна на студентите е до 20.12.2025 година, а искористувањето на ваучерите ќе биде со рок до 31.12.2025 година.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Времето денес — мирно претпладне, пориви на ветерот попладне долж Повардарието

УХМР најавува стабилно и топло време со постепено намалување на облачноста

Следна објава

Градоначалниците не треба да чекаат исушените дрвца да оживеат, туку со нови садници да ги заменат