Темен режим Режим на светлина

Трамп по обновените судири најави разговори со лидерите на Тајланд и Камбоџа

Нов притисок од Вашингтон: Можни казнени царини за земји што тргуваат со Иран Нов притисок од Вашингтон: Можни казнени царини за земји што тргуваат со Иран

Претседателот на САД, Доналд Трамп синоќа изјави дека планира да интервенира поради обновените судири на границата помеѓу Тајланд и Камбоџа.

Тој наведе дека е можно телефонски да разговара со лидерите на двете земји.

– Малкумина можат да се јават по телефон и да ја спречат војната помеѓу две многу моќни земји, Тајланд и Камбоџа, наведе Трамп при синоќешната посета на американската сојузна држава Пенсилванија.

Околу шест недели по потпишувањето на мировен договор, Тајланд и Камбоџа вчера соопштија за тешки борби долж 800-километарската граница. Повеќе од 500.000 луѓе се евакуирани од пограничните области во Тајланд и во Камбоџа по обновените судири.

Двете страни меѓусебно се обвинуваат за продолжувањето на непријателствата, во кои, според најновите официјални податоци, загинаа најмалку 11 лица. Седум камбоџански цивили и четворица тајландски војници.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Мачадо нема да присуствува на доделувањето на Нобеловата награда за мир во Осло

Следна објава
Големи бројки пари се делат за земјоделството, а мали се бројките на произведеното, министерството да го решава проблемот

Економската иднина на Македонија била во технолошки паркови, но сепак да не се заборави земјоделието