Темен режим Режим на светлина

ЕУ менува став ако наиде на здружен и решителен отпор, го покажаа тоа македонските превозници

ЕУ менува став ако наиде на здружен и решителен отпор, го покажаа тоа македонските превозници ЕУ менува став ако наиде на здружен и решителен отпор, го покажаа тоа македонските превозници

Многу македонски политичари ги сметаат ставовите или барањата на ЕУ упатени до Македонија како работи кои безпоговорно мора да се прифатат. Многу овдешни т.н. експерти не уверуваат дека нема што ние малите и надвор од Унијата да се буниме и да кажуваме како треба да се однесува Брисел со нас.

Но, дали треба да сме такви? Дали безпоговорно да се прифаќа се што ни се наметнува? Треба ли да сме бездушни и да сметаме дека е џабе да се буниме кога Брисел ќе ги мине нашите црвените линии?

Одговор на ова дадоа македонските камионџии. Организирано протестираа 4 дена против проблемите кои ги направи ЕУ и еве вчера дојде потврда од Брисел дека професионалните возачи се препознаени како посебна категорија и нема да бидат третирани како мигранти.
Значи, можело да се изнуди почит и правичност од ЕУ, само требало здружено, јасно и решително да се бара тоа од евробирократите.

Можно ли е македонските политичари да ја научат оваа лекција од камионџиите па и тие да настапат вака решително пред ЕУ за неколкуте важни прашања кои не тиштат, а се наметнати до Унијата или од нејзини земји членки?

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Голема акција во тек: Објекти во Струмица и поранешен „Охис“ под контрола на полицијата

Голема акција во тек: Објекти во Струмица и поранешен „Охис“ под контрола на полицијата

Следна објава
213 кривични пријави, најмногу за шверц на дрога и оружје, поднела Царината во 2025 година поднела

213 кривични пријави, најмногу за шверц на дрога и оружје, поднела Царината во 2025 година поднела