Темен режим Режим на светлина

Мицкоски: Целта е создавање на ефикасна структура што ќе одговара на потребите на граѓаните

Мицкоски: Целта е создавање на ефикасна структура што ќе одговара на потребите на граѓаните Мицкоски: Целта е создавање на ефикасна структура што ќе одговара на потребите на граѓаните

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски вечерва по завршувањето на Централниот комитет го соопшти новиот состав на Извршниот комитет на партијата и објави дека нов генерален секретар е пратеникот Драган Ковачки.

Мицкоски истакна дека Централниот комитет донел одлука за избор на нов ИК кој комбинира искуство од претходните состави со нови членови. „Овие одлуки покажуваат дека партијата се менува и се прилагодува на новите предизвици. Нашата цел е создавање силна, ефикасна и обединета структура која ќе нуди конкретни и одговорни решенија за граѓаните“, нагласи тој.

Според новата одлука, членови на Извршниот комитет се Александар Николоски, Владо Мисајловски, Гордана Димитриеска Кочоска, Тимчо Муцунски, Никола Мицевски, Луке Галевски, Антонио Милошоски, Дафина Стојановска, Рашела Мизхархи, Влатко Ѓорчев, Кирил Пецаков, Марија Андоновска, Ели Панова, Игор Јанушев, Марија Митева, Благоја Ташаминов, Орце Ѓорѓиевски, Онер Јакуповски, Драгана Бојковска, Синиша Стојановски, Стефан Андоновски, Филип Поповски и Бобан Николоски.

Кон овие членови, според статутот, ќе им се приклучат и новите претседатели на Унијата на млади сили, Унијата на жени и Унијата на ветерани.

За организационен секретар е именуван Ивица Томовски, кој ја извршува и функцијата директор на Централниот штаб, додека шеф на кабинетот на Мицкоски е Владимир Нелоски.

Мицкоски најави дека партијата ќе продолжи со зајакнување на внатрешната организација, транспарентноста и инклузивноста во процесите на членството, како и дека во претстојниот период ќе следи избор на претседатели на општинските комитети, како и нови раководства на Унијата на жени, УМС и Унијата на ветерани.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
ВМРО-ДПМНЕ го избра Драган Ковачки за генерален секретар

ВМРО-ДПМНЕ го избра Драган Ковачки за генерален секретар

Следна објава
(Видео) Блиц вести на Прва Скопска ТВ – 05 февруари

(Видео) Блиц вести на Прва Скопска ТВ – 06 февруари