Темен режим Режим на светлина

Услугата „Итно копче“ и годинава достапна за повозрасните жители од Кисела Вода

Услугата „Итно копче“ и годинава достапна за повозрасните жители од Кисела Вода Услугата „Итно копче“ и годинава достапна за повозрасните жители од Кисела Вода

Сите 40 досегашни корисници од општина Кисела Вода продолжуваат да ја добиваат услугата „Итно копче“ во своите домови.

Оваа поддршка за највозрасните жители континуирано се реализира во соработка со Црвениот крст.

За ова денеска информираше градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска, која заедно со претставник на Црвениот крст посети домови на некои од корсниците на услугата.

„Услугата „Итно копче“ ја користат лица над 65 години, на кои им е достапна помош во домот од 20 лиценцирани негователи.

Преку уредот се нуди 24/7 поддршка секогаш кога корисникот ќе се најде во состојба за која е потребна итност. Обучените лица се грижат за нивната добросостојба, нудејќи прва помош и прва психолошка помош. Во случаите кога тоа е неопходно, услугата вклучува и транспорт до соодветната здравствена установа со посебни возила,“ инфорира Општината.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Со тридневна програма, викендов Кочани ќе се потсети на своите 63 ангели, годишнина од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“

Со тридневна програма, викендов Кочани ќе се потсети на своите 63 ангели, годишнина од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“

Следна објава
Левица: Владата наместо да води внимателна надворешна политика, застана зад САД и Израел, цехот ќе го платат граѓаните

Левица: Владата наместо да води внимателна надворешна политика, застана зад САД и Израел, цехот ќе го платат граѓаните