Темен режим Режим на светлина

Левица: Владата наместо да води внимателна надворешна политика, застана зад САД и Израел, цехот ќе го платат граѓаните

Левица: Владата наместо да води внимателна надворешна политика, застана зад САД и Израел, цехот ќе го платат граѓаните Левица: Владата наместо да води внимателна надворешна политика, застана зад САД и Израел, цехот ќе го платат граѓаните

Левица вели дека актуелните ценовни шокови на енергетскиот пазар се директна последица на воените напади врз Иран, а Владата наместо да води внимателна политика што ќе ги штити економските интереси на македонските граѓани, таа отворено застана зад позициите на САД и Израел.

Според партијата ваквата надворешна политика индиректно придонесува за продлабочување на кризата и претстоечката инфлација.

„Последиците од владините политики се сериозни и долгорочни.

Прагот на сиромаштија се зголемува, средната класа постепено исчезнува, а економијата се движи кон модел во кој мал број луѓе акумулираат огромно богатство, додека сè поголем број граѓани осиромашуваат”, соопштуваат од Левица.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Услугата „Итно копче“ и годинава достапна за повозрасните жители од Кисела Вода

Услугата „Итно копче“ и годинава достапна за повозрасните жители од Кисела Вода

Следна објава
Нема причина за прогласување кризна состојба, нафта има и сè уште е најевтина во регионот, вели премиерот

Нема причина за прогласување кризна состојба, нафта има и сè уште е најевтина во регионот, вели премиерот