Темен режим Режим на светлина

Опозициската СДСМ со критики: Антикорупциска 98 дена без одговор

СДСМ: Ако сѐ било законски, зошто Владата не ги објавува листите со патници од владиниот авион? СДСМ: Ако сѐ било законски, зошто Владата не ги објавува листите со патници од владиниот авион?

Од СДСМ обвинуваат дека Државната комисија за спречување на корупцијата веќе 98 дена не реагира на пријавите што партијата ги поднела за наводни злоупотреби и спорни тендери поврзани со власта.

Според соопштението на СДСМ, поминале повеќе од три месеци од првата пријава до Антикорупциската комисија, но досега нема никаква реакција или одговор за, како што велат, сериозните сомнежи за злоупотреби.

Од партијата наведуваат дека нема реакција ниту за наводни тендери доделени на фирми кои, според нив, се блиски до власта. Во соопштението се споменуваат повеќе случаи, меѓу кои и десетици тендери за различни компании, како и доделување значителни средства на фирми со мал број вработени.

СДСМ исто така тврди дека Комисијата не реагирала ниту на наводите поврзани со назначувања во институции за кои, според нив, постои ризик од судир на интереси.

Од партијата порачуваат дека молкот на институциите отвора сомнежи и бараат Антикорупциската комисија да постапи по пријавите и да ја информира јавноста за евентуалните наоди.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Трипуновски: Продолжува финансиската поддршка за македонските земјоделци

Трипуновски: Продолжува финансиската поддршка за македонските земјоделци

Следна објава
ВМРО-ДПМНЕ започнува внатрепартиски промени во раководството

ВМРО‑ДПМНЕ: СДСМ тоне во сопствениот PR со лаги за мигрантите