Темен режим Режим на светлина

Нови сообраќајни проекти во Кочани, премиерот ќе го означи почетокот на работите

Мицкоски: Венко лажеше за мигрантите, се докажа дека лаже и води манипулативна политика Мицкоски: Венко лажеше за мигрантите, се докажа дека лаже и води манипулативна политика

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе престојува во Кочани, каде што ќе го означи почетокот на реализацијата на повеќе инфраструктурни проекти во општината.

Во рамки на посетата, Мицкоски ќе присуствува на почетокот на изградбата на дел од собирната улица „Никола Карев“, како и на дел од градската магистрална улица „Новопланирана 1“. По тој повод се очекува премиерот да даде и изјава за медиумите.

Во агендата на посетата е предвиден и увид во тековните градежни активности за изградба на мост на Кочанска Река, кој ќе ги поврзува улиците „Лазар Андонов“ и „Вера Которка“. Со изградбата на овој мост се очекува значително подобрување на сообраќајната поврзаност и олеснување на движењето на граѓаните во овој дел од градот.

Покрај тоа, премиерот ќе изврши увид и во изградбата на дел од потисниот цевковод на водоводниот систем, на потегот од јазолот до изливниот базен на препумпната станица. Овој проект е дел од пошироките активности за подобрување на водоснабдувањето и комуналната инфраструктура во Кочани.

Со реализацијата на овие инвестиции се очекува подобрување на локалната инфраструктура, побезбеден сообраќај и поквалитетни комунални услуги за жителите на општината.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Јавна расправа за „Усје“ – активистите бараат построги еколошки стандарди

Јавна расправа за „Усје“ - активистите бараат построги еколошки стандарди

Следна објава
Грција со ограничување на продажните маржи на горивата ќе се брани од покачување на цените во маркетите

Грција со ограничување на продажните маржи на горивата ќе се брани од покачување на цените во маркетите