Македонскиот репрезентативен голман Дамјан Шишковски ќе остане дел од Борац Бања Лука и во наредниот период, откако го продолжи договорот со клубот до летото 2027 година.
Актуелниот шампион на Босна и Херцеговина ја потврди веста, изразувајќи задоволство што Шишковски ќе продолжи да го носи нивниот дрес и во следните сезони.
Продолжувањето на договорот доаѓа во пресрет на репрезентативните обврски, каде голманот ќе биде дел од македонската селекција за натпреварот против Данска, закажан за 26 март во Копенхаген, во рамки на плејофот за пласман на Светското првенство.
Шишковски ја започна својата кариера во Работнички, а во текот на годините бранеше и за неколку странски клубови, меѓу кои Гент, Лахти, Рованиеми, Докса и Арарат, пред да пристигне во Борац Бања Лука.





