Темен режим Режим на светлина

Шишковски останува во Борац до 2027 година

Шишковски останува во Борац до 2027 година Шишковски останува во Борац до 2027 година

Македонскиот репрезентативен голман Дамјан Шишковски ќе остане дел од Борац Бања Лука и во наредниот период, откако го продолжи договорот со клубот до летото 2027 година.

Актуелниот шампион на Босна и Херцеговина ја потврди веста, изразувајќи задоволство што Шишковски ќе продолжи да го носи нивниот дрес и во следните сезони.

Продолжувањето на договорот доаѓа во пресрет на репрезентативните обврски, каде голманот ќе биде дел од македонската селекција за натпреварот против Данска, закажан за 26 март во Копенхаген, во рамки на плејофот за пласман на Светското првенство.

Шишковски ја започна својата кариера во Работнички, а во текот на годините бранеше и за неколку странски клубови, меѓу кои Гент, Лахти, Рованиеми, Докса и Арарат, пред да пристигне во Борац Бања Лука.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Министерот Трипуновски со порака: Нула толеранција за злоупотреби

Министерот Трипуновски со порака: Нула толеранција за злоупотреби

Следна објава
Научници: Познат лек може да помогне против Алцхајмер

Научници: Познат лек може да помогне против Алцхајмер