Темно Режим Светло Режим

Кривични пријави за двајца од Крива Паланка поради спречување службени лица

20 супер крави кои не фермаат ниту волови, ниту институции ќе донесат туристи во Крива паланка 20 супер крави кои не фермаат ниту волови, ниту институции ќе донесат туристи во Крива паланка

Против две лица од Крива Паланка е поднесена кривична пријава поради сомнение дека спречувале службени лица во извршување на службени дејствија.

Како што информира полицијата, станува збор за 58-годишно лице и малолетник, кои се товарат за кривично дело „спречување службено лице во вршење службено дејствие“.

Инцидентите се случиле на 4 март 2026 година на две локации – во населбата Баглак и во селото Кошари. Според пријавата, осомничените во два наврати со употреба на физичка сила и закани се обиделе да ги спречат службените лица од Агенцијата за храна и ветеринарство при извршување на нивните активности.

Службениците постапувале во рамки на акција за заловување, товарење и транспорт на крупен добиток.

Надлежните институции преземаат понатамошни мерки за целосно расчистување на случајот.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост
Скопјанка била физички нападната од нејзиниот девер во семејниот дом

Скопјанец измамен за илјадници евра од лице што се претставило како полицаец

Следниот Пост
Уапсен 25-годишен скопјанец на граничниот премин Долно Блаце

Грозданоски го удрил и го задушил Митрески, СВР Охрид со кривична за убиство