Темен режим Режим на светлина

Облачно и дождливо цела следна недела

Облачно и дождливо цела следна недела Облачно и дождливо цела следна недела

Времето денеска променливо облачно со услови за краткотраен локален дожд во источните делови.

Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец.

Минималните температури наместа ќе се спуштат под нула, а дневната ќе достигне до 18 степен.

Преодно стабилизирање на времето ќе има само во понеделник, а веќе од вторник до крајот на работната недела под влијание на циклонска активност ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд.

Во вторник врнежите ќе бидат пообилни во западните делови, додека во среда наместа ќе наврнат и над 20 l/m². Ќе дува умерен до засилен ветер претпладне од северозападен, а попладне од североисточен правец. Во четврток врнежите ќе бидат пообилни во југоисточните делови (над 15 l/m²), а веќе во петок со послаб интензитет.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Зеленски му се закани на Oрбан дека неговите контакт податоци ќе ги даде на украинските вооружени сили

Орбан: Украинските разузнавачки служби се мешаат во унгарските избори

Следна објава
Хутите од Јемен лансирале уште една крстосувачка ракета кон Израел

Хутите од Јемен лансирале уште една крстосувачка ракета кон Израел