Темен режим Режим на светлина

Новата унгарска власт ќе му го откаже гостопримството на Никола Груевски

Новата унгарска власт ќе му го откаже гостопримството на Никола Груевски Новата унгарска власт ќе му го откаже гостопримството на Никола Груевски

Победникот на изборите на Унгарија, Петер Маѓар, ја критикуваше одлуката на владата на Виктор Орбан да им одобри азил на полските политичари Збигњев Жиобро и Марцин Романовски, кои се товарат за злоупотреба на службената должност.

Тој порача дека Унгарија не смее да биде прибежиште за лица обвинети или осудени за криминал, при што го спомена и поранешниот македонски премиер Никола Груевски.
„И тоа не важи само за нив, туку и за Груевски, поранешниот премиер на Македонија“, изјави Маѓар.

Груевски се наоѓа во Унгарија од ноември 2018 година, откако избега од Македонија непосредно пред да започне издржување на затворската казна. Во Македонија тој е осуден на две години затвор во случајот „Тенк“ за незаконска набавка на луксузен службен автомобил, а против него се водеа и други судски постапки.

Никола Груевски беше премиер на Македонија од 2006 до 2016 година.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Војската на Нигерија во воздушен напад по грешка бомбардирала локален пазар, загинаа над 200 цивили

Војската на Нигерија во воздушен напад по грешка бомбардирала локален пазар, загинаа над 200 цивили

Следна објава
Аналитичари велат: Петер Маѓар нема да биде лесен партнер за ЕУ

Аналитичари велат: Петер Маѓар нема да биде лесен партнер за ЕУ