Темен режим Режим на светлина

Нашите аеродроми се лидери по раст во регионот, очекуваме рекорден број патници до крајот на годинава, објави министерот Николоски

Нашите аеродроми се лидери по раст во регионот, очекуваме рекорден број патници до крајот на годинава, објави министерот Николоски Нашите аеродроми се лидери по раст во регионот, очекуваме рекорден број патници до крајот на годинава, објави министерот Николоски

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски соопшти дека Меѓународен аеродром Скопје останува лидер во регионот, со раст од 32 проценти во споредба со истиот период лани.

Тој посочи дека во првите месеци од годинава македонските аеродроми бележат раст од 30 проценти по број на патници и околу 20 проценти по број на операции, што, според него, ги потврдува политиките на Владата за развој на авиосообраќајот.

Во објавата се наведува дека годинава се воведени нови авиолинии од Скопје кон Неапол и Будимпешта, како и од Охрид кон Милано и Братислава, додека во јули се најавуваат линии од Охрид кон Катовице и Вроцлав, како и од Скопје кон Палермо и Алгеро.
„За речиси две години од работа на оваа Влада се воведоа 24 нови авиолинии кон европските центри, што е рекордна бројка“, наведува Николоски.

Тој информира дека во тек е проект за реконструкција, надградба и проширување на Аеродром Св. Апостол Павле во Охрид, со цел зголемување на капацитетите за патници и операции.

Николоски најави дека годинава се очекува бројот на патници да надмине 3,5 милиони, а следната година да достигне и до 4 милиони.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Загриѓувачките податоци алармираат: Демографијата не е тема за утре, туку за денес – затоа што без луѓе, нема ниту економија, ниту држава

Загрижувачките податоци алармираат: Демографијата не е тема за утре, туку за денес – затоа што без луѓе, нема ниту економија, ниту држава...

Следна објава
Од 20 часот машкото, а од 17 женското финале на ракометниот Куп на Македонија

Од 20 часот машкото, а од 17 женското финале на ракометниот Куп на Македонија