Темен режим Режим на светлина

Обвинителството побара максимална затворска казна за Стојанче Јовановски

Потресни аудио снимки од плачот на Ивана и Катја пуштени во судница Потресни аудио снимки од плачот на Ивана и Катја пуштени во судница

Обвинителството побара максимална затворска казна, за Стојанче Јовановски чија сопруга и ќерка трагично ги завршија животите на 2 март годинава по пад од балкон во Тафталиџе, а неговата одбрана побара ослободителна пресуда во завршните зборови на денешното рочиште.

Јовановски е обвинет за три кривични дела – телесна повреда, односно повреди сторени како продолжено дело на семејно насилство, загрозување на сигурноста и наведување и помагање во самоубиство

-Да, тој не ја турна Ивана физички, но ја донесе до работ и ја одзеде секоја причина да не скокне – рече обвинителката Адела Бојчевиќ.
Во своите завршни зборови, обвинетиот Јовановски ги отфрли делата кои му се ставаат на товар, тврдејќи дека ниту ја поттикнал ниту ја охрабрил својата сопруга да се самоубие, а ги оспори и наводите дека ѝ нанесувал телесни повреди на Ивана.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
„30 години од атентатот врз Киро Глигоров“, утре научна конференција на Филозофскиот факултет

СДСМ настаните од 27 април ги поврзува со ВМРО-ДПМНЕ и со атентатот врз претседателот Глигоров и убиството на кралот Караѓорѓевиќ во Марсеј во 1934 година

Следна објава
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Филипче за власт се подготвени да ги продадат македонските национални интереси

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Филипче за власт се подготвени да ги продадат македонските национални интереси