Темен режим Режим на светлина

Целосна реконструкција на пешачките патеки и нови зелени коридори во Скопје

Целосна реконструкција на пешачките патеки и нови зелени коридори во Скопје Целосна реконструкција на пешачките патеки и нови зелени коридори во Скопје

Градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски заедно со колегата од Општина Ѓорче Петров Александар Стојкоски извршија увид во големата и сеопфатна акција за реконструкција на пешачките патеки во Скопје.

Во моментов се работи на пешачката патека долж улицата „Ѓорче Петров”, во должина од 4 километри, простор кој секојдневно го користат илјадници граѓани, ученици, родители, повозрасни лица и велосипедисти, а претходно беше оставена во лоша состојба.

Паралелно со реконструкцијата, двајцата градоначалници најавија и зелени коридори долж улицата со нови дрвја, зеленило и уредени површини кои ќе донесат повеќе сенка, почист воздух и попријатен простор за движење.

Скопје мора да биде град во кој пешачењето е нормален, безбеден и достоинствен дел од секојдневието – изјави градоначалникот Ѓорѓиевски и додаде дека скопјани заслужуваат функционален, уреден и европски град кој ги става луѓето, нивната безбедност и нивното секојдневие на прво место.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
25-годишник и 18-годишник ограбиле жена среде улица во Аеродром

Дојави за поставени бомби во три средни училишта во Скопје

Следна објава
Собранието денес треба да го избере Гоце Наумовски за нов уставен судија

Собранието и кажа „чао“ на Пржинската влада