Темен режим Режим на светлина

Посебен сообраќаен режим утре во Скопје по повод првомајскиот протестен марш на ССМ

Скопјанка била физички нападната од нејзиниот девер во семејниот дом Скопјанка била физички нападната од нејзиниот девер во семејниот дом

Единицата за безбедност на патниот сообраќај  утре во Скопје ќе воведе посебен режим на сообраќај на неколку сообраќајници во централното градско подрачје, поради најавениот протест по повод Меѓународниот ден на трудот – 1 Мај, во организација на Сојузот на синдикатите на Македонија.

Протестната колона во 11 часот ќе тргне од пред зградата на ССМ на ул. „Мирче Ацев” бр. 4, по што ќе се движи по однапред утврдена маршрута: преку ул. „Филип Втори Македонски”, ул. „11-ти Октомври”, ул. „Димитрие Чуповски”, ул. „Васил Главинов”, бул. „ВМРО” и бул. „Илинден”, сè до пред Владата на Република Северна Македонија.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат насоките и наредбите на полициските службеници кои ќе го регулираат сообраќајот на трасата на движење на учесниците.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Во општина Илинден спроведена ларвицидна дезинсекција како превенција од комарците

Во општина Илинден спроведена ларвицидна дезинсекција како превенција од комарците

Следна објава
25-годишник и 18-годишник ограбиле жена среде улица во Аеродром

Вандализам во основното училиште „Ванчо Прќе" во Штип, вандал го кршел инвентарот