Темен режим Режим на светлина

Мајка спречила трагедија – хорор во автобус од Водно: Малолетници со ножеви се заканувале

Џабе се нови булевари и асфалти ако улиците се преплавени со возила, оти скопјани ги избегнуваат автобусите на ЈСП Џабе се нови булевари и асфалти ако улиците се преплавени со возила, оти скопјани ги избегнуваат автобусите на ЈСП

Празничен ден кој требало да помине во духот на семејна релаксација и детска радост, за само неколку минути се претворил во сцена на страв и неизвесност во автобус на линија од Водно кон центарот на Скопје. Скопјанката Наташа Младеновска сподели вознемирувачко сведоштво за инцидент во кој главни актери биле малолетници, а ситуацијата кулминирала со вадење ножеви.

Според нејзините зборови, конфликтот започнал како недоразбирање меѓу тинејџери на возраст од околу 16 години, кое брзо прераснало во вербални провокации и закани. Клучниот момент, како што раскажува, бил кога дел од нив извадиле ножеви, со што ситуацијата станала сериозно опасна.

„Добив повик од ќерка ми. Паника, плачење, глас кој се тресе“, вели Младеновска, која веднаш се упатила со автомобил кон местото за да интервенира.

Во обид да спречи ескалација, таа ги пронашла младите и директно им се обратила. Според нејзиниот опис, станувало збор за четири лица – две девојчиња и нивните партнери, кои биле видно вознемирени и под дејство на алкохол.

„Четворица. Две девојчиња и нивните дечковци. Бесни, под дејство на алкохол, со ножеви во рака тргнаа кон мене“, сведочи таа.

Со присебност и смирен пристап, Младеновска успеала да ја деескалира ситуацијата и да спречи физички судир, иако, како што вели, била подготвена и за најлошото сценарио.

„Го оттурнав хаосот со зборови, а одвнатре – вулкани“, додава таа.

Инцидентот завршил без физички повреди, но остава сериозна загриженост за безбедноста, особено кога станува збор за малолетници.

„Не можам да се смирам од мислата што можеше да се случи. Денес децата носат ножеви како да е тоа нормално“, предупредува Младеновска.

Таа посочува дека ваквите случаи не се изолиран инцидент, туку одраз на поширок проблем со зголемено присуство на алкохол, агресија и насилство кај младите, како и страв кај граѓаните да реагираат.

„Ова не е само приказна од еден ден. Ова е реалност. Прашањето е – до кога?“, порачува таа.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Големи промени во пензискиот систем: Инвестирањето ќе зависи од возраста на осигурениците

Големи промени во пензискиот систем: Инвестирањето ќе зависи од возраста на осигурениците

Следна објава
Центарот на Скопје денес без вода

Денес без вода дел од Кисела Вода