Темен режим Режим на светлина

Завршува експропријацијата, мостот кај Аеродром наскоро во функција

Завршува експропријацијата, мостот кај Аеродром наскоро во функција Завршува експропријацијата, мостот кај Аеродром наскоро во функција

По долг период на застој и административни пречки, мостот „Генерал Михајло Апостолски“ во Скопје влегува во завршна фаза пред негово целосно пуштање во употреба, информираа од Општина Аеродром.

Како што посочуваат надлежните, конечно се завршени процесите на експропријација – една од главните пречки што со години го кочеа проектот. Во моментов се спроведуваат подготвителни и административни активности, како и преселување на жителите од објектите што се наоѓаат на трасата. Се очекува во наредните 60 дена мостот да биде целосно ставен во функција и да се воспостави нормален сообраќаен проток.

Со пуштањето во употреба, мостот ќе ја подобри поврзаноста меѓу општините Аеродром и Гази Баба, ќе придонесе за намалување на сообраќајниот метеж и ќе го олесни секојдневното движење на граѓаните.

Од Општината додаваат дека овој проект е дел од поширок пакет инфраструктурни зафати во главниот град, меѓу кои се и проектите „Момин Поток“, булеварот „Борис Трајковски“, мостот на „Љубљанска“ и булевар „Македонија“.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Фуриозен Вардар: Победа во Германија за полесен пат до Ф4 во ракометната Лига на Европа

Вардар славеше во Скопје, но Монпелје оди понатаму

Следна објава
Лондон слави: Арсенал го обезбеди финалето во ЛШ

Лондон слави: Арсенал го обезбеди финалето во ЛШ