Темен режим Режим на светлина

Утре во Скопје: „Нож и виљушка на европска чинија“ – целодневен гастрономско-музички настан во Паркот на Франкофонијата

Утре во Скопје: „Нож и виљушка на европска чинија“ – целодневен гастрономско-музички настан во Паркот на Франкофонијата Утре во Скопје: „Нож и виљушка на европска чинија“ – целодневен гастрономско-музички настан во Паркот на Франкофонијата

Паркот на Франкофонијата утре, 9 мај, ќе стане место за вкусови, музика и урбано дружење за сите генерации. Од 12:00 часот напладне, настанот ќе понуди содржини за најмладите, храна инспирирана од различни европски кујни и атмосфера создадена за забавен семеен ден на отворено.

„Нож и виљушка на европска чинија“ е замислен како културно и гастрономско дружење што ги поврзува различностите, ги слави заедничките вредности и ја носи атмосферата на европска отвореност во локален, топол и близок градски формат.

Програмата започнува во 12:00 часот со DJ Resident, а од 13:00 часот најмладите ќе се забавуваат со омилените Поточиња. Попладневниот дел продолжува од 14:30 часот со „Блуз на трпеза“ во изведба на In the Mood / Spark, додека од 17:30 часот атмосферата ќе ја загрее DJ Carlito.

Вечерната програма носи уште повеќе музика и забава. Од 19:30 часот настапува Виа Скопје, по што од 21:30 часот следува DJ Александар Јорданов. Од 22:45 часот публиката ќе ја забавува Куку Леле, а музичката вечер ќе ја заокружи Ипче Брас Левис Бенд со настап од 00:00 до 01:00 часот.

Организаторите ги покануваат граѓаните да бидат дел од ова целодневно доживување исполнето со вкусови, музика и одлична атмосфера во Паркот на Франкофонијата

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Алкалоид Скопје (ALK), НЛБ Банка АД Скопје (TNB) и Македонски Телеком Скопје (TEL) со најголем промет, МБИ10 се намали за 0,19% на 9.959,02 поени

Вкупен промет од 19.946.257 денари, со блок-трансакција кај Комерцијална банка

Следна објава
МЕПСО ја обжали одлуката донесена во корист на „Енергоинвест“, вели аргументите се на наша страна

МЕПСО ја обжали одлуката донесена во корист на „Енергоинвест“, вели аргументите се на наша страна