Темен режим Режим на светлина

Скопје се чисти, но навиките не се менуваат

Скопје се чисти, но навиките не се менуваат Скопје се чисти, но навиките не се менуваат

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информираше дека екипите на Град Скопје и јавните претпријатија синоќа биле на терен, спроведувајќи засилени активности за чистење по првомајските излети.

Во објава на социјалните мрежи, тој истакна дека по празничните дружења и престојот во природа, одговорност на сите е градот да остане чист и уреден, повикувајќи на поголема свест кај граѓаните.

Сепак, дел од фотографиите покажуваат и поинаква слика – отпад оставен зад себе на јавни површини и клупи, што укажува дека проблемот со неодговорното однесување и понатаму е присутен низ Скопје.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Автобус удри мотоцикл во Прилеп, загина младо момче

Драма во Челопеци: Нападнал полицајци со лопата и нож

Следна објава
„Чешлање“ на МВР околу лажните боледувања треба да се прошири и да се направи со специјален чешел за вошки

Сообраќајка во Штип: Повредени двајца малолетници, биле пијани