Под влијание на влажна и постудена воздушна маса, времето денеска на територијата на цела Македонија ќе биде облачно со врнежи од дожд. Врнежите во некои региони ќе бидат пообилни. На планините можно е да падне и нов снег.
Ќе дува и умерен, до засилен ветер од северен правец, кој повремено ќе надминува брзина од 60 km/h. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 10, а максималната ќе достигне од 10 до 18 степени.
Во Скопје, облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Од петок до крајот на неделава ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, до засилен ветер од северен правец. Температурата ќе биде во опаѓање, а утринската наместа ќе се спушти и под нула.
Стабилизирање на времето и пораст на дневната температура не очекува дури од понеделник.




