Темен режим Режим на светлина

Трамп ги зголемува царините за европските автомобили, САД е недоверлив трговски партнер – е реакцијата на ЕУ

Трамп ги зголемува царините за европските автомобили, САД е недоверлив трговски партнер – е реакцијата на ЕУ Трамп ги зголемува царините за европските автомобили, САД е недоверлив трговски партнер – е реакцијата на ЕУ

Американскиот претседател Доналд Трамп најави нов удар врз Европската унија, објавувајќи дека од следната недела ќе ги зголеми царините за автомобили и камиони од ЕУ на 25 проценти. Тој ја обвини Брисел дека не го почитува претходно договорениот трговски договор.

Трамп порача дека царините нема да важат за компании кои ќе произведуваат возила во САД, истакнувајќи дека во земјата веќе се реализираат инвестиции вредни над 100 милијарди долари во автомобилската индустрија.

На ова веднаш реагираа од ЕУ. Претседателот на трговскиот одбор на Европскиот парламент, Бернд Ланге, изјави дека најавата на Доналд Трамп за зголемување на царините на автомобилите од ЕУ покажува дека САД се несигурен трговски партнер. Тој го оцени потегот како „неприфатлив“, нагласувајќи дека тоа не е начин на кој се третираат блиски сојузници и дека ЕУ ќе одговори со јасност и цврстина.

Ланге истакна дека Унијата се придржувала до трговскиот договор со САД, додека Вашингтон повеќепати го прекршувал, особено со воведување повисоки царини за производи со челик и алуминиум.

Најавата на Трамп за зголемување на царините на 25 проценти може дополнително да ги заостри трговските односи меѓу САД и Европската унија.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Жестоки немири во Истанбул по демонстрациите за 1 Мај

Жестоки немири во Истанбул по демонстрациите за 1 Мај