Темен режим Режим на светлина

Скандал во Реал: Играчите се расправаат, атмосферата се распаѓа

Скандал во Реал: Играчите се расправаат, атмосферата се распаѓа Скандал во Реал: Играчите се расправаат, атмосферата се распаѓа

Напнатоста во редовите на Реал Мадрид достигнува врв во финишот од сезоната, а лошата атмосфера во соблекувалната кулминирала со инцидент на тренинг.

Според информациите на Марка, Федерико Валверде и Орелиен Чуамени влегле во жестока расправија која за малку ќе прераснела во физичка пресметка.

Инцидентот започнал по еден прекршок за време на тренингот, по што двајцата играчи се оттурнувале и жестоко се расправале. Според истиот извор, тензијата продолжила и во соблекувалната, каде конфликтот не бил смирен веднаш.

Екипата се наоѓа во еден од најтешките периоди оваа сезона, без реални шанси за освојување трофеи, а атмосферата дополнително е нарушена од внатрешни несогласувања.

Како што се наведува, поделбите меѓу играчите се сè поизразени, а дел од нив речиси и не комуницираат меѓусебно. Ситуацијата ја усложнува и односот со тренерот Алваро Арбелоа, со кого, според информациите, неколку играчи немаат комуникација.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Димитриеска-Кочоска: Словачка силно ја поддржува евроинтеграцијата и економските реформи на Македонија

Димитриеска-Кочоска: Словачка силно ја поддржува евроинтеграцијата и економските реформи на Македонија

Следна објава
Дали е штетно седењето со прекрстени нозе? Еве што велат експертите

Дали е штетно седењето со прекрстени нозе? Еве што велат експертите