Темен режим Режим на светлина

Коњановски: Горно Оризари добива современи спортски терени за младите

Коњановски: Горно Оризари добива современи спортски терени за младите Коњановски: Горно Оризари добива современи спортски терени за младите

Во завршна фаза е реконструкцијата на спортските игралишта во рамките на подрачното училиште „Тодор Ангелевски“ во населбата Горно Оризари, каде што се обновуваат два спортски терени – ракометно игралиште, кое ќе се користи и за мал фудбал, како и кошаркарски терен.

Градоначалникот на Битола, Орце Ѓорѓиевски, денеска изврши увид во градежните активности, при што истакна дека станува збор за значајна инвестиција во подобрување на условите за спорт и рекреација кај младите.

„Верувам дека овие нови и современи терени ќе бидат максимално искористени од учениците и младите од Горно Оризари за секојдневни спортски активности. Општината продолжува со вложувања во училишната спортска инфраструктура, затоа што сакаме децата да имаат безбедни и современи услови за развој и рекреација“, изјави Коњановски.

Со реконструкцијата, целосно е отстранет стариот асфалтен и бетонски слој, по што е извршено тампонирање, асфалтирање и поставување тартан подлога на површина од околу 900 квадратни метри.

Терените се оградени со заштитна мрежеста ограда висока околу три метри, а ќе бидат опремени и со нови спортски реквизити. Во рамките на проектот се уредуваат и нови патеки со бехатон плочки, како и простор со елементи за училница на отворено.

Дополнително, игралиштата добиваат осветлување за користење и во вечерните часови, поставени се безбедносни камери, а просторот околу нив ќе биде хортикултурно уреден.

Проектот се реализира со средства обезбедени преку Министерството за образование и наука од вториот владин повик, а вкупната инвестиција изнесува 11.318.523 денари.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Одлука на ДИК: Пари за изборните комисии во 11 општини

Одлука на ДИК: Пари за изборните комисии во 11 општини

Следна објава
„ЈКП Комуналец“-Прилеп повторно интервенира кај Вештачкото езеро, дивата депонија повторно затрупана со отпад објавува Журнал.мк

„ЈКП Комуналец“-Прилеп повторно интервенира кај Вештачкото езеро, дивата депонија повторно затрупана со отпад објавува Журнал.мк