Темен режим Режим на светлина

По изборните порази во Велс и Шкотска, се погласни се барањата за оставка на британскиот премиер Стармер

Владата на британскиот премиер Стармер е пред паѓање поради амбасадорот Менделсон кој бил во пријателство со Епстин Владата на британскиот премиер Стармер е пред паѓање поради амбасадорот Менделсон кој бил во пријателство со Епстин

Британскиот премиер Кир Стармер се соочува со сериозен внатрешен раскол во владата, додека расте бројот на лабуристички пратеници кои бараат негова оставка или рок за повлекување. Според извештаите, дури 72 пратеници веќе го повикале да ја напушти функцијата или да одреди датум за заминување.

Дополнително, шест помошници на министри поднеле оставки или јавно го критикувале премиерот, што ја продлабочува кризата во власта.

Незадоволството ескалираше по катастрофалните резултати на локалните избори, каде лабуристите изгубија околу 1.500 советнички места. Партијата изгуби власт и во Велс, а во Шкотска оствари најлош резултат во историјата.

И покрај притисокот, Стармер одбива да поднесе оставка, тврдејќи дека тоа би ја втурнало земјата во политички хаос и најавува дека ќе се обиде да ја врати довербата на јавноста.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
САД воведоа нови санкции против компании што извезуваат иранска нафта во Кина

САД воведоа нови санкции против компании што извезуваат иранска нафта во Кина

Следна објава
Променливо облачно со локални врнежи од дожд

УХМР најавува дожд, грмежи и силен ветер - можно невреме за викендот