Темен режим Режим на светлина

САД подготвува „Операција Чекан“ за нов удар врз Иран

Медиуми тврдат дека Иран и САД тајно комуницираат, официјален Вашингтон вели не се разговара со Tехеран Медиуми тврдат дека Иран и САД тајно комуницираат, официјален Вашингтон вели не се разговара со Tехеран

САД разгледуваат можност евентуалните нови воени операции против Иран да се водат под ново име – „Операција Чекан“. Според извори од Белата куќа, ова би се случило доколку примирјето пропадне и претседателот Доналд Трамп одлучи да ги обнови нападите.

Промената на името не е само симболична, туку може да му овозможи на Трамп правно да започне „нова“ операција без одобрение од Конгресот во период од 60 дена.

Иако официјално беше прогласен крај на операцијата „Епски бес“, во Пентагон сметаат дека војната практично никогаш не запрела, туку само е привремено намалена. Американската администрација веќе одржала состаноци со воени и безбедносни претставници за следните чекори, особено околу кризата во Ормускиот теснец.

Во меѓувреме, одлуката за евентуална ескалација ќе зависи и од разговорите на Трамп со кинескиот претседател Си Џинпинг, додека САД тврдат дека се во многу посилна воена позиција отколку на почетокот на конфликтот.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
„Лична карта“ на Иран: Геополитички џин со многу младо населени, нафта, ракети и нуклеарни амбиции

Иран ги објави минималните услови за прекин на војната

Следна објава
Ѓорѓиевски по случајот со волкот во Козле: Ова е сериозна опасност за граѓаните

Ѓорѓиевски по случајот со волкот во Козле: Ова е сериозна опасност за граѓаните