Темен режим Режим на светлина

Осум загинати, а единаесет повредени во синоќешните руски напади врз Украина

Осум загинати, а единаесет повредени во синоќешните руски напади врз Украина Осум загинати, а единаесет повредени во синоќешните руски напади врз Украина

Во руските напади врз Дњепропетровската област извршени синоќа загинаа осум лица, а најмалку единаесет се повредени.

Руските сили во текот на денот извршиле околу 30 напади врз три окрузи во регионот. Во Криви Рих загинаа две лица, а меѓу повредените има и деветмесечно бебе, додека еден маж е во критична состојба.

Во Синелниковскиот округ загинаа шест лица во неколку населени места, а повеќе лица се ранети. Напади беа регистрирани и во Никополскиот округ, каде се оштетени куќи, инфраструктура и возила, а повредени се и малолетници.

Украинските власти соопштија дека нападите започнале во вечерните часови и биле дел од поширока офанзива врз регионот.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Во Бујановац прва заедничка воена вежба на Србија и НАТО

Во Бујановац прва заедничка воена вежба на Србија и НАТО

Следна објава
СДСМ: Како е можно преку граница да поминале 5 тона дрога, а никој да не одговара?

Нова влада во Бугарија - но пораките се старите, ги охрабри ли СДСМ и Филипче?