Темен режим Режим на светлина

МВР: Се истражува напад во училишна средина во Скопје

„Чешлање“ на МВР околу лажните боледувања треба да се прошири и да се направи со специјален чешел за вошки „Чешлање“ на МВР околу лажните боледувања треба да се прошири и да се направи со специјален чешел за вошки

Во скопската населба Аеродром бил пријавен физички напад врз 18-годишно момче, кое, според пријавата, подолг период претходно било вознемирувано од врсници во средното училиште каде што учело.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, Д.Т. (66) од Скопје пријавил дека неговиот син К.Т. (18) на 14 мај околу 11:10 часот бил физички нападнат од Р.А. (18) од Трубарево и уште едно 17-годишно лице.

Како што се наведува во пријавата, жртвата подолг временски период била изложена на вознемирување од истите лица во училишниот двор и околината на училиштето, при што за случајот претходно биле известени и училишните служби.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на сите околности поврзани со настанот.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Аеродромци тргнаа кон 13-та титула: МЗТ го совлада Маџари

Аеродромци тргнаа кон 13-та титула: МЗТ го совлада Маџари

Следна објава
СДСМ: Ако сѐ било законски, зошто Владата не ги објавува листите со патници од владиниот авион?

Половина Влада би требало да си замине доколку се забрани двојното државјанство, обвинија од СДСМ