Темен режим Режим на светлина

Половина Влада би требало да си замине доколку се забрани двојното државјанство, обвинија од СДСМ

СДСМ: Ако сѐ било законски, зошто Владата не ги објавува листите со патници од владиниот авион? СДСМ: Ако сѐ било законски, зошто Владата не ги објавува листите со патници од владиниот авион?

СДСМ остро реагира откако ВМРО-ДПМНЕ го одби нивниот предлог-закон со кој се предвидуваше забрана за членовите на Владата да поседуваат двојно државјанство.

Од опозициската партија оценуваат дека ваквата одлука отвора сериозни прашања за транспарентноста и критериумите при избор на државни функционери. Според нив, причината за одбивањето е јасна – дел од актуелните функционери во Владата на премиерот Христијан Мицкоски поседуваат и странски, меѓу кои и бугарски пасоши.

СДСМ наведува дека во ваква состојба во Владата има вицепремиери, министри, пратеници, градоначалници и директори со двојно државјанство, што, како што тврдат, го прави предлогот уште пооправдан.

„Може во Владата на Мицкоски со бугарски пасоши, ама малцинства во Уставот – тоа не може“, стои во реакцијата на СДСМ, во која опозицијата ја обвинува власта за, како што велат, „врв на лицемерие“.

Од СДСМ дополнително потсетуваат дека ВМРО-ДПМНЕ со години настапувала со силна реторика за заштита на македонскиот идентитет, додека, според нив, дел од нивните функционери истовремено поседувале странски документи за себе и за членовите на своите семејства.

Опозицијата се осврнува и на претходните позиции на ВМРО-ДПМНЕ, наведувајќи дека партијата во меѓувреме ги прифатила Преспанскиот договор, членството во НАТО и придобивките од тие процеси, иако претходно јавно ги критикувала.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
„Чешлање“ на МВР околу лажните боледувања треба да се прошири и да се направи со специјален чешел за вошки

МВР: Се истражува напад во училишна средина во Скопје

Следна објава
ВМРО-ДПМНЕ: Зоран Заев, основачот на марихуана бизнисот, е нервозен и не спие мирно

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче молчи на навреди од Бугарија