Дваесетдвегодишна скопјанка К.П. е уапсена вчера на полноќ откако направила инцидент во кој нападнала двајца скопјани и полицаец кој дошол да интервенира.
Полицијата соопшти дека инцидентот се случил во сабота вечер околу 23.30 часот.
-К.П.(22) од Скопје е лишена од слобода од страна на полициски службеници бидејќи физички нападнала полициски службеник при постапување по претходна пријава. Лицето Б.Ј.(26) од Скопје, пријавило дека на 05.09.2020 околу 23.30 часот на раскрсница помеѓу ул.20-ти Октомври и ул.Борка Талевски, додека бил заедно со С.Ј.(19) и Б.Ј.(26), двајцата од Скопје, бил физички нападнат од К.П. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, се наведува во соопштението на полицијата.