„Дуќанот се издава без кирија“ ова е испечатено на бел лист и залепено на дуќан во ГТЦ, а на него покрај телефонскиот број е запишано и дека е голем 35 метри квадратни. Откако медиумите го исконтактирале сопственикот на напишаниот број, тој им објаснил дека бизнисот на последниот кираџија пропаднал, па сега му било единствено важно некој да го одржува и да ги плаќа сметките кон ГТЦ.
Месечно овој дуќан имал околу 200 евра давачки кон ГТЦ. Но, изгледа дека и без кирија не се наоѓа јунак во време на криза, која почна како здравствена а се рефлектираше и на економијата.
Но не е само овој, во ГТЦ но и на улица Македонија има залепено слични листови за издавање и за продавање на дуќаните.Оние пак кои работат се кафулињата, пекарите и трафиките. На бутиците кои се останати да функционираат стои реклама за попуст. Дел од економските аналитичари предвидуваа дека ноември ќе биде меѓу најтешките месециза преживување заради економските последици од ковид 19.