Темен режим Режим на светлина

Намален бројот на казнети возачи во Скопје

Значително помалку казнети возачи имало во текот на вчерашните полициски контроли воспоредба со изминатиов период. Полицијата на скопските улици „уловила“ само 313 возачи кои направиле различен вид на прекршоци, што е за речиси двојно помалку отколку што е просекот во изминативе денови.

Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 313 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 35, 27 санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, 91 мерка за непрописно паркирани возила и 54 санкции за неносење заштитна маска, се наведува во соопштението.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, наведуваат од МВР.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Донираат оние кои можат за борбата со пандемијата или само оние кои имаат совест?

Следна објава

Битолчанец шетал во Ѓорче Петров со марихуана во џебот