Професорката и пратеничка од редовите на опозицијата Гордана Силјановска – Давкова денеска преку Фејсбук го искажа својот став за вчерашната најава на министерката за образование Мила Царовска за промените во концептот на основното образование и птетопување на предметот историја – во друг почирок предмет. Во објавата таа укажува на погрешниот пристап намерата за спојување на повеќе предмети во еден.
Објавата на Силјановска – Давкова ја пренесуваме во целост:
„Аман“ од таа историја!
Министерката Царовска, небаре Хера, за неполни четири „постреволуционерни“ години, со помош на Зевс (Заев), протрча низ социјалната политика и труд, се впрегна во економијата и стигна во „ својата“ област – образованието. Веднаш реши да ги „ослободи“ децата од „досадната“ и „конфликтна“ национална историја, поврзувајќи ја со општествените науки. Посака да ги „спаси“ еднаш засекогаш од „ПОГРЕШНОТО ТОЛКУВАЊЕ“, кон кое сме „склони“ и од кое „страдаме“ ние, Македонците. Чуму ни е премногу историја, што би рекол Черчил, зошто пријателски да не ја споделиме со соседите, оти тие, како членки на ЕУ се „докажани“ историски нации, што „ПРАВИЛНО“ ЈА РЕВИДИРААТ ИСТОРИЈАТА, а ние, заради претешкиот историски „товар“, не можеме да се придвижиме кон ЕУ! Колку „грешеле“ Орвел и Сантајана кога ја истакнувале важноста на историјата за секој народ.
Како припадничка на Преспанската каста, Мила претпочита географија, а не историја. Реши да им ја оставиме, па и „поттуриме“ на соседите и да го „решиме“ македонското прашање! Во аргументацијата се повика на примерот на Финска, позната по одличниот образовен систем, ама, не и по отсуството на предметот „ историја“! Не е важно, фино звучи! Ама, освен примери, за реформа се потребни длабоки анализи.