Ќе остават ли еко-бомбата во Карпош 4 да ја загрози водата за пиење од бунарот Нерези-Лепенец?

Молк од општините Карпош и Скопје повеќе од половина година, откако медиуите прв пат објавија дека под оправдувањето оти се гради парк во Карпош 4, всушност противзаконски се вршат ископи длабоки до 10-тина метри во почвата низ која течат подземни води и се депонира сомнителен отпад.

Со транспарентни „Тука закопаа еко бомба“ карпошани вчера излегоа на протест за да се изврши притисок врз локалните власти. Експерти тврдат дека депонирањето директно ќе влијае врз квалитетот на бунарскиот систем „Нерези Лепенец“, а со тоа и врз водата за пиење која стигнува до домовите на жителите од ова подрачје.

Инвеститори работеа на т.н. парк за време на полицискиот час летото и пролетта интензивно, и се разбира месеците потоа. На протестот вчера се појави и пратеничката Гордана Силјановска Давкова, која поднела амандман во Собрание за санација и ремедијација на парк-депонијата. Истиот бил одбиен.

-Со напомена, како што велат нашите луѓе, не може да биде озгора мазно оздола азно, оти слушаме промоција за парк – одлично е тоа меѓутоа, не може парк да никне над депонија. Прво треба депонијата, особено што го загрозува сиот свет не само нашето здравје туку и растителниот свет, а најмногу водите, бидејќи се работи за бунарското подрачје, Лепенец и Нерези, очекував прво да се справи со шутот со отпадот, да го излекува значи земјиштето, па потоа на него да никне здрава шума. Се разбира амандманот беше одбиен, но јас ова повторно ќе го афирмирам за време на пленарната седница, порача вчера Силјановска.

Дека не смее да никне парк врз затрупана депонија од опасни материи особено во бунарско подрачје пред 6 месеци предупреди и хидрогеологот Костадин Јованов.

-Ако знаеме што значи тој бунарски систем Нерези Лепенец за жителите на Град Скопје, во некои делови повисоки, посебно во Општина Карпош каде што и нема доволно притисок, недостаток на вода, а некој си дозволува такви активности. Другиот елемент којшто е позагрижувачки е депонирањето на отпад и шут во ископините, тоа директно ќе влијае на измена на квалитетот на подземните води. Да се извади целиот тој шут, песокот не може да се врати, да се направи таа природна средина- но со вадењето на шутот може барем колку толку да се интервенира во делот на она што значи заштита на квалитетот на тие подземни води, вели Јованов.

Претходна вестКомпанијата „Виваком“ меѓу најбрзорастечките провајдери на сателитски услуги за деловни корисници во светот
Следна вестЗа прв пат на куп македонските анимирани филмови од 70-те и 80-те