Електроинженерот Бојан Велевски одговара на прашањето: кои три работи тој би ги направил ако е градоначалник на Кисела Вода.
- Големо пространо зеленило во Расадник
Локацијата Расадик е една од највредните што ја има Кисела Вода и таа треба најдобро да се искористи. Не сум поборник на градба на многуте згради што се предвидени таму. Јас го замислувам Расадник како њујоршки Cnetral park. Го замислувам како пространо зеленило во кое би имало бројни содржини. Би направил специфични зелени површини со осветлени посебни патеки за прошетки, велосипеди и предвидени делови за пикник и настани на отворено. Сигурен сум дека тоа ќе им се допадне на граѓаните.
2. Мултифункционални објекти
Освен зеленило, на граѓните им се потребни и специфични објекти. Би направил два капитални мултифункционални објекти, големина на Capital mall. Првиот спортски со целини: олимписки базен, спортска сала, фитнес сала. Вториот за здравствена намена со целини: медицинска поликлиника, старечки дом. Такви објекти се многу неопходни во општината.
3. Мораториум за градежни активности
Една од одлуките би ми била и мораториум за сите градежни активности во централниот дел од Кисела вода, ослободување на просторот за пешаците со оградување со столбчиња на сите тротоари, наплата на месечен паркинг за сите возила кои немаат паркинг предвиден со зградите и куќите.