Ја лажел полицијата дека е ограбен. Имено, СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ш.А.(39) од скопското село Морани, поради постоење сомнение за „лажно пријавување на кривично дело“.
На 23.11.2020, тој лажно пријавил дека истиот ден на стариот пат Гостивар – Тетово, од с.Жеровјане кон с.Боговиње, додека се движел со патничко возило, две лица со закана му одзеле пари, соопшти полицијата.