Пронајдени дрога и оружје кај татко и син

Неовластено одгледување и продавање на марихуана и поседување на нелегално оружје е причина за покренување на обвинение против две лица – татко и син – од страна на Основното јавно обвинителство Кавадарци. Татко и син на возраст од 56 и 33 години како соизвршители го сториле кривичното дело –Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член  215  став 1, а едниот од нив и кривичното дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и распрскувачки материи од член 396 став 1 од Кривичниот законик.

-Во планински предел кај место викано Јаворица во близина на викенд куќа во сопственост на осомничените, на 28 септември 2020 година овластени службени лица пронајдоа 65 стебла од растението Канабис Сатива со чија обработка се добива наркотичната дрога марихуана. Осомничените, татко и син, неовластено заради продажба го произведувале растението, за што обезбедиле и опрема за наводнување и обработка на насадите. При претресот, пронајдено е и оружје кое еден од осомничените неовластено го држел и тоа 8 патрони – 12 мм за ловечка пушка, 38 куршуми калибар 7,9 мм и затворач за пушка М-48 и ловечка пушка марка Црвена Застава Крагуевка со калибар 12мм, се наведува во обвинението.

Заедно со обвинението јавениот обвинител до надлежниот суд достави предлог за продолжување на определената мерка притвор за двајцата осомничени.

Претходна вестЗдравствени специјализанти испратија писмо до Заев и Филипче, ги потсетија дека се заборавени
Следна вестВо скопските ковид-центри за 24 часа хоспитализирани 31 пациент, а оздравеле 45 лица