За 72 часа 20 возачи поминале семафор на црвено светло

Вкупно 20 возачи во изминативе 72 часа биле казнети од страна на полицијата поради сериозен сообраќаен прекршок – поминување на затворен семафор (црвено светло). Ова го покажуваат тридневните полициски контроли во текот на кои биле изречени и казни за овие и за други возачи.

-Вчера се изречени сакции за 10 возачи кои поминале на црвено светло, вчера за осум а во неделата на 12 возачи, се наведува во редовните полициски билетни.

Инаку, во текот на вчерашните контроли биле изречени вкупно 189 мерки.

Од вкупниот број мерки 21 се за возење без возачка дозвола, 9 за непочитување на брзината на движење, 2 за управување под дејство на алкохол, 7 за нерегистрирани и технички неисправни возила, 18 казни за користење на мобилен телефон, 9 за некористење на сигурносен појас и 59 за непрописно паркирање, се наведува во информацијата.

Засилените сообраќајни контроли, како што најавуваат од МВР, продолжуваат и во наредните денови. Оттаму апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за зголемување на безбедноста во сообраќајот.

Претходна вестРазрешен директорот на „Театар комедија“- трошел повеќе од што му бил буџетот
Следна вестСакаш куче? Вдоми од „Лајка“, за помалку кучиња скитници на улиците