Во Драчево парк на местото на депонија, кога во Аеродром, на пример, ќе никне зеленило наместо зграда?

Општина Кисела Вода најави дека веќе работи на терен во Драчево, каде се чисти депонија, со цел на нејзиното место да се направи парк. Станувало збор за површина од 5000 квадратни метри, на која ќе има зеленило – како што ветува општината. Паркот се очекува да никне на пролет.

Веста ги испровоцира граѓаните. Добар дел ја поздравија акцијата во Драчево, но во најголем дел, иронично и низ шега ги повикуваат и градоначалниците на Аеродром, Карпош, Центар, но и на Скопје, да се огледаат на Кисела Вода:

-Арно ви текна да се сетите и на заборавеното Драчево!
-Драчево супер што ќе има паркови и зеленило, туку што правиме со Аеродром, таму врие од градежна офанзива?
-Најава за парк даде и Центар, ама малку е еден на Скопје му требаат колку згради толку паркови, но наместо тоа добиваме бетон и исечени дрва…коментираат скопјани.

Еко-активистите аламираат за зголемување на нивото на загаденост оваа во споредба со претходните години. Парковите и зеленилото се едни од филтрите за прочистување но и своевидни бели дробови на околината. Ќе продолжиме ли да се гушиме или ќе се преземе нешто? Парковите секако не се скапа инвестиција, но има ли волја кај градоначалниците?

Претходна вестПо азбучен ред: Утре и задутре во банките ќе се исплаќа помошта за социјална, детска и цивилна заштита
Следна вест„Улиште“ со македонска копродукција победи на американскиот филмски фестивал „Санденс 2021“