Пензионирани француски генерали го опоменаа Макрон за можна граѓанска војна

Претседателот на Франција не може да го запре распаѓање на општеството, e порака која во заедничко писмо ја испратија група од 20 пензионирани француски воени генерали. Со писмото кое е објавено во десничарскиот магазин „Валер актуел“ се опоменува претседателот Емануел Макрон со цел да се спречи граѓанска војна во Франција.

Уште 80 поранешни високи офицери се приклучија на групата пензионирани генерали, што дополнително му дава тежина на отвореното писмо.

-Франција е во опасност. Неколку смртни закани и се закануваат. Дури и во пензија, ние остануваме француски војници и не можеме да останеме рамнодушни на судбината на нашата прекрасна земја во сегашните околности, се вели во писмото, меѓу другото.

Писмото беше остро осудено од владата на Макрон, споредувајќи го со неуспешниот воен удар што генералите го пробаа пред 60 години против тогашниот претседател Шарл де Гол. Министерката за одбрана Флоранс Парли побара потписниците на писмото да бидат казнети.

Од друга страна, Марин Ле Пен, водачот на десничарската Национална алијанса, ги пофали наводите од писмото. На претседателските избори следната година се очекува жестока пресметка меѓу Макрон и Ле Пен, која според последните анкети на јавното мислење има поголема поддршка од јавноста.

Меѓу потписниците на писмото е и Кристијан Пикемал (80), генерал во пензија, поранешен командант на Легијата на странци, една од најпознатите воени единици во светот. Тој ги загуби своите почести како пензиониран генерал откако беше уапсен за учество во антиисламски демонстрации во 2016 година, пренесе „Дејли меил“.

Претходна вестДонираните органи на Верица Белчовска спасуваат уште еден живот: Извршена првата трансплантација на коски
Следна вестСтојко Пауновски: Одбрана на интегритетот и професионалноста не наидоа на разбирање од Заев