Ново олеснување на рестриктивните мерки во Словенија

Во Словенија продолжува ублажувањето на рестриктивните мерки, а од денес е дозволена работата на некои образовни и консултантски институции, угостителски и туристички објекти, но само во т.н. жолти региони.

Ноќните клубови, баровите и дискотеките остануваат затворени.

Во жолтите региони е дозволено да се оди во продавница со почитување на пропишаната физичка оддалеченост, едно лице на 20 квадратни метри.

Во портокаловите региони продавниците се отворени, но со построги мерки на физичко растојание – еден клиент на 30 квадратни метри.

На баровите и рестораните им е дозволено да служат гости во нивните градини и тераси, почитувајќи го пропишаното растојание помеѓу масите и со ограничен број гости

Претходна вестГаличник, Берово…, а само што се покачија температурите
Следна вест1085 лица се лекуваат во ковид центрите во Земјава, во Скопје во последното деноноќие има 22 нови пациенти