Ќе има еколошка такса за нафтата од 3,5 денари и намалување на ДДВ-то за електрична енергија од 18 на 5 проценти. Ова денеска го соопшти премиерот Зоран Заев, посочувајќи дека овие одлуките допрва ќе се донесат како дел од програмата на Владата за екологија.
Целта на еколошката такса од 3,5 денари е за да се намалу користењето на нафтата и нафтените деривати и да се премине на користење на зелена енергија.
Но, најголема корист од еколошката такса е нејзинит придонес во Буџетот – околу една милијарда 685 милиони денари за едно полугодие или три милијарди и 300 илјади денари за цела година, кои според планираното ќе се лоцираат во фондовите за инвестиции на обновливите извори на енергија.
Сепак, „трикот“ во овие мерки лежи кај намалувањето на ДДВ-то на струјата, кое всушност е до следната, односно до 2023 година.
Според планираното од 1 јули ќе се намали на 5 отсто, до 1 јули следната година кога ДДВ-то ќе биде 10 проценти, а од 1 јули 2023 година тоа повторно ќе се врати на 18 проценти.