Двојно повеќе апликации од ваучери за домашен туризам, огласот завршува денеска

Јавниот повик за издавање ваучер за користење средства за организиран одмор на работници со ниски приходи чии месечни примања во семејството не го надминуваат нето-износот од 30.000 денари се затвора денеска, соопшти Министерството за економија.

Повикот беше објавен на 8 јуни и со краен рок за аплицирање 30 јуни, и за една недела, во архивата на Министерството за економија се пристигнати над 2.600 апликации.

Оваа година за мерката се предвидени 15 милиони денари за вкупно 1.250 ваучери.

Мерката е во рамки на Програмата за домашен туризам за работници со ниски приходи и предвидува издавање потврди-ваучери за туризам во вредност од 12.000 денари за лица со ниски примања кои ќе може да ги користат домашните туристички центри.

Ваучерот за користење на средства за организиран одмор ќе може да се искористи најдоцна до 30 ноември 2021 година.

Претходна вестЗа неколку дена ќе може да патуваме во ЕУ, но само вакцинирани или „негативни“
Следна вестДосега целосно сме вакцинирале околу 10 отсто од населението, СЗО вели треба 70